Туристичка агенција со ,,А,, лиценца: 043 415 800  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Неа Флогита - Харис

Куќа "Харис"Неа Флогита

 

Положба: Куќа „Харис“ е лоцирана централно во Неа Флогита, на шеталиштето кое се наоѓа на плажа, поточно, на прва линија до море.

Содржини: На првиот кат се наоѓаат трикреветно студио со страничен поглед, четирикреветен и петкреветен апартман со директен поглед кон море. Собите се релативно нови, со големи комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, со сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Околу куќата има барови, таверни, бутици,
маркет.

 

Вонсезонски цени

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
30.5-6.6 7 79 35
6.6-13.6 7 109 35
13.6-20.6 7 149 35
20.6-27.6 7 169 35

 

Cезонски цени

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1/3 СТУДИО 1/4 АПАРТМАН
27.6-6.7 9 529 569
6.7-15.7 9 579 629
15.7-24.7 9 609 645
24.7-2.8 9 639 679
2.8-11.8 9 639 679
11.8-20.8 9 639 679
20.8-29.8 9 619 659

 

Вонсезонски цени

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
29.8-5.9 7 169 35
5.9-12.9 7 149 35
12.9-19.9 7 109 35
19.9-1.10 12 99 35

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Сансет Травел“ и на самата агенција.

 

аранжмани Халкидики