Туристичка агенција со ,,А,, лиценца: 043 415 800  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ксамил - Вила Бушати

Вила Бушати - Ксамил

Вилата Бушати е реновирана пред две години.  Има дво креветни, тро креветни, тро креветни со помошен лежај(фотелја на отворање),  и студиа со 4 кревети (се наоѓаат на високо приземје и цената им е иста како и 1/3+1 студиата). Од плажа е оддалечена 50 метри. Студијата се опремени со кујна, клима, фрижидер, СМАРТ ТВ (можат да се поврзат со wi-fi од вилата). Дел од студијата се со поглед кон море. Во дворот на вилата има и скара, која можат клиентите да ја користат за своите потреби. Во вилата има паркинг кој е на располагање на клиентите. Има WI-FI со рутер на секој спрат. Вилата поседува и сосптвен агрегат во случај да дојде до прекин на ел. енергија.

ДУПЛЕКСОТ се наоѓа во стамбена зграда, чија надворешност не е атрактивна. Внатрешноста на апартманот е комплетно реновирана и поседува една дневна соба со два дупли каучи на пуштање

(4 деца макс) и плус две спални соби една со француски една со одвоени кревети (кои по потреба се спојуваат) – опремен за ДВЕ ФАМИЛИИ. Опремен е со кујна, клима, фрижидер, ТВ, WI-FI. Се наоѓа на 60 метри од плажа.


Цените во табелата се дадени ПО СТУДИО ЗА НАЕМ   7 ноќи – 8  дена, без превоз.

Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ  преку граничен премин Меџитлија:

  • Битола (Пред спортска Сала) - 35€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) - Трансфер до Битола  - 35€
  • Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола - 45€ по лице
  • Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) –-Трансфер до Битола - 45€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола - 45€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес - 55€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - 45€ по лице
  • Деца од 2-11,99год: - 10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

  • 00:00 h Скопје (Дрводекор) - Трансфер
  • 00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - Трансфер
  • 00:00h Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер
  • 01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) - Трансфер
  • 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) - Трансфер
  • 03:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп - на перон)
  • 03.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер04:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - Трансфер
  • 04.15h Струга (Хотел Дрим) - Трансфер
  • 01:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - Трансфер

ВАЖНО : Патувањето за Албанија КСАМИЛ се реализира преку граничен премин Меџитлија – Битола, со што задолжително е поседување на валиден ПАСОШ (ако автобускиот превоз  НЕ може да се реализира преку Грција, во тој случај би биле валидни нови цени за патување преку граничен премин Ќафасан - Струга)

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)