Туристичка агенција со ,,А,, лиценца: 043 415 800  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Златибор - 8ми Декември

Декември во Златибор

(Со посета на Сирогојно, Ел Пасо, Дрвенград,Врњачка Бања)

 

Прв ден: 02.12.2021 (четврток)

Состанок на групата навечер во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 03.12.2021 (петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20км од Сирогојно. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад...Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура во далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Околу пладне сместување во вила Софија, http://www.vilasofija.com/ која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Можност за користење на спа центарот на хотел Клуб Сателит,кој се наоѓа наспроти вила Софија.Ноќевање.

Трет ден: 04.12.2021 (сабота)

Појадок.Факултативно, заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и  познатата златиборска пршута и кајмак.Можност за користење на спа центарот на хотел Клуб Сателит,кој се наоѓа наспроти вила Софија.Ноќевање

Четврти ден: 05.12.2021 (недела)

Појадок. Одјавување од вила Софија и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници.  Пристигнување во вечерните часови.

                         Цена на аранжманот: 5.500 денари

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по протокол)
  • Две ноќевања со појадок во вила Софија во центарот на Златибор http://www.vilasofija.com/
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо со локален туристички водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во каубојскиот град Ел Пасо - 300 динари ( околу 150 денари)
  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локачен водич - 10 евра
  • Можност за користење на спа центарот на хотел Клуб Сателит кој се наоѓа наспроти Вила Софија – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра по лице ( се плаќа во агенција)

 

 

Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.